Англичаните луди за Италијанец: Ливерпул што порано сака да доведе фантастичен играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според сознанијата на медиумите од Англија, после поразот во второто коло од Барнли, Јирген Клоп одма се фрли на работа и до крајот на преодниот рок сака да доведе играч за врска на Енфилд.

Како што Скај Спорт дознава, се работи за играчот за врска на Рома, Леандро Паредес, кој во минатата сезона беше на позајмица во Емполи, а за кој Рома веќе одби голема понуда од Лестер.

Овој фантастичен играч за врска за кој тренерот Лучиано Спалети има само пофални зборови може да го напушти Рим, посебно од причини што за него веројатно нема да има место во првите 11.

Цената која Редсите мораат да ја платат за услугите за овој млад играч за врска сигурно не е испод 25 милиони евра, а според некои информации од Англија, многу е можно е да дојде и до тотална распродажба на Енфилд со цел да се обезбедат пари за трансфер на Паредес.