Англичаните не сакаат директен пласман на ЕП 2028


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот денес официјално објави дека Велика Британија и Република Ирска ќе бидат домаќини на Европското првенство (ЕП) во 2028 година, а потоа Англија изненади со нивната одлука да играат квалификации за турнирот.

Домаќините добиваат директен пласман на турнирот, но Англичаните не сакале такво нешто затоа што сметаат дека фудбалерите треба да играат важни натпревари со цел да бидат во најдобра форма за ЕП.

Познати се и градовите каде што ќе се игра Европското првенство, тоа се Белфаст, Бирмингем, Кардиф, Даблин, Глазгов, Ливерпул, Лондон, Манчестер и Њукасл.