Англичаните открија: Стерлинг ова лето водел сериозни преговори со Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рахим Стерлинг стана еден од најдобрите играчи во Премиер Лигата после одличните игри во дресот на Манчестер Сити.

Стерлинг едноставно се препороди кога Пеп Гвардиола го превзеде кормилото на Манчестер Сити и стана еден од главните играчи на овој клуб. Во претходните две сезони тој има постигнато 36 погодоци и запиша 21 асистенција.

Со Манчестер Сити Стерлинг моментално има договор до 2023. година и започнаа шпекулациите дека клубот од Етихад сака да му понуди нов договор во ноември. Според него тој би се придружил на најплатените играчи во светот.

Оваа одлука на Сити не стигна неочекувано како што многумина мислеа. Имено, англиските медиуми објавија дека Стерлинг летово можел да го напушти клубот и дека имал водено сериозни преговори со Реал Мадрид.

Меѓутоа, Стерлинг порача дека моментално е среќен и задоволен во Сити, но и дека во иднина има желба да заигра во дресот на кралскиот клуб.

Заради тоа, управата на Сити сакаат да му го продолжат договорот со која би ја зголемиле неговата откупна клаузула.