Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски синоќа беше претставен како ново засилување на Тотенхем, каде што стигна од Јувентус на позајмица до крајот на сезоната 2022/23.
Овој 21-годишен фудбалер во Јувентус стигна во 2020 година од Парма, но не се покажа како што се очекуваше, па реши да ја промени средината за да го исполни својот потенцијал.
Кулушевски пристигна во Тотенхем и повторно реши да го носи дресот со број 44, кој стана негов заштитен знак, а Англичаните го прашаа зошто се решил токму за таков број.
Швеѓанецот откри дека овој број го носи поради Аднан Јанузај, кој бил негов фудбалски идол. Тој го носеше бројот 44 во Манчестер јунајтед, кога дебитираше за „црвените ѓаволите“, па Кулушевски реши да го следи неговиот пример.