Англичаните со строго правило: Ако кашлате, ќе добиете црвен картон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нешто повеќе од еден месец остана до почетокот на новата сезона во англиската Премиерлига, а титулата ќе ја брани Ливерпул.

З тоа време се работи на нови правила, кои ќе важат од сезоната 2020/21, а посебно се поврзани со пандемијата на Ковид-19.

„Судијата мора да биде сигурен дека некој намерно во лице му кашла на противникот. Ако инцидентот не бил доволно сериозен за исфрлување од игра, ќе следи судиско предупредување“, соопштија од Фудбалската асоцијација на Англија.

Предвидено е правилото со пет замени на меч да се задржи и понатаму, што е добра вест за премиерлигашите, кои ќе имаат еден куп натпревари и следната сезона.