Англичаните во страв: Вирусот ќе ја прекине Премиерлигата?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиерлигата е во страв од масовни одложувања на натпревари и веќе размислува за пауза во првенството. „Дејлимејл“ објави дека во понеделникот биле откриени 42 заразени од вирусот, а тоа е рекорд во една недела.

Најмалку пет клубови потврдиле случаи на заразени членови, а меѓу нив е и Манчестер јунајтед, чиј меч против Брентфорд е откажан.

Клубовите се грижат поради бавната програма за вакцинација поради што многу фудбалери треба да примат бустер доза за да се заштитат од новиот вирус.

„Спортсмејл“ открива дека само екипата на Вулверхемптон ќе се вакцинира до крајот на месецот, а би можеле и Лидс и Брентфорд да успеат во тоа.

Засега не е познат ставот на раководството на Премиерлигата, но ако продолжи ваквата состојба, тогаш сигурно ќе има прекин на сезоната.