Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хари Кејн утрово требаше да се појави на тренинг на Тотенхем по одморот кој го доби по завршување на Европското првенство, но напаѓачот не го направи тоа.
Кејн со Англија играше во финале на Евро 2020, па доби краток одмор, а од денеска требаше да ги почне тренинзите.
„Скај Спортс“ објави дека еден од најдобрите напаѓачи во светот има џентлментски договор да го напушти Тотенхем ова лето.
Меѓутоа, во Тотенхем не се сложуваат со тоа по промената во раководството и доаѓањето на Фабио Паратичи на позицијата спортски директор.
Како следен клуб за 28-годишен голгетер се споменува Манчестер сити. „Граѓаните“ на крајот на јуни за капитенот на лондонскиот тим понуди 100 милиони фунти.