Англија повторно загуби: Шпанија е новиот европски шампион


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанската фудбалска репрезентација славеше со 2-1 против Англија во финалето на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Од самот старт Шпанија покажа дека сака да се надигрува и се обидуваше да создаде шанси, додека Англија цело време беше ориентирана на дефанзива и спорадични контранапади.

На самиот старт на вториот дел Нико Вилијамс на асистенција на Јамал го отвори резултатот. Иако се очекуваше од тој момент Англија да заигра, сепак не создаде многу шанси.

Во 73. минута Палмер со удар од далечина постигна прекрасен гол за израмнување. Кога сите очекуваа дека мечот ќе замине во продолженија Ојарзабал погоди за победа и европска титула.