Англиски гигант со спектакуларен трансфер: Милинковиќ-Савиќ станува најскап Србин во историјата!?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сагата за заминувањето на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио наскоро ќе биде завршена со неговиот трансфер во Манчестер јунајтед.

Италијанските медиуми пишуват дека неговиот агент Матија Кежман во претходните денови бил на Островот, кадешто го договорал неговиот трансфер.

Како што се шпекулира, договорот е постигнат, а Јунајтед го победил ПСЖ во борбата за Србинот, додека Лацио ќе добие околу 100 милиони евра.

Се чека само трансферот на Пол Погба во Реал Мадрид или Јувентус, по што Милинковиќ-Савиќ ќе се пресели на „Олд Трафорд“ и ќе стане најскапиот српски фудбалер во историјата на фудбалот.

Србинот и минатото лето се поврзуваше со многу гиганти, но на крајот остана во тимот од Рим.