Англиски новинар застана во одбрана на Русите: Зошто не суспендиравме Американци?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главна тема во светот веќе неколку дена е односот меѓу Русија и Украина, односно војната која се одвива на украинска територија, додека во претходните денови санкции беа воведени и за руските спортисти.

Голем број спортски организации решија да им забранат на руските клубови и репрезентации да се натпреваруваат, па еден англиски новинар крена дополнителна „прашина“.

„Тоа што УЕФА исфрла руски клубови од европско натпреварување делувачудно. Зарем не ви изгледа дека тие одлуки нема да ги спречат руските играчи да играат во Европа за други клубови. Зошто не исфрлувавме Американци досега?“, прашува Бен Рамзби, новинар на „Дејли Телеграф“.