Англиски репрезентативец на врвот на листата приоритети за Солскјер во јануари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед дефинитивно ќе троши пари во јануарскиот преоден рок за засилување на тимот кој го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.

„Ѓаволите“ се поврзуваат со ангажман на Емре Чан и Марио Манџукиќ,  а сега медиумите на Островот пишуваат дека на врвот на листата на желби е уште еден млад фудбалер.

Станува збор за Џејмс Медисон кој со голем успех настапува во дресот на Лестер Сити и веќе го привлече вниманието на големите англиски екипи.

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе погоди со трансферот на Медисон исто како што погоди со неговите сонародници, Хари Мегваер и Арон Ван Бисака кои пристигнаа ова лето на „Олд Траофрд“.