Англискиот судија, кој го навреди Клоп, шмркал кокаин (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го суспендираше судијата Дејвид Кут, откако се појави видео на кое го навредува Јирген Клоп и Ливерпул, а сега ново видео го „потресе“ Островот.

Кут се соочува со сериозни обвинувања дека конзумирал недозволена супстанција, односно за време на Европското првенство во Германија „шмркал“ кокаин.

Судијата беше на ЕП во Германија како специјалист за ВАР-технологијата, па беше во собата каде што требаше да се донесат важни одлуки.

Засега нема реакција од судијата дали е на видеото, откако претходно кажа дека снимката со навредите за Клоп била лажна.