Англиските медиуми кренаа прашина: Фудбалерите на Брајтон се опивале цела ноќ, и така го решија шампионот во Премиер лигата…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Брајтон вчера не успеа да го сопре Манчестер Сити и така да му помогне на Ливерпул конечно да дојде до шампионската титула во Англија.

Фудбалскиот свет вчера со внимание го следеше мечот помеѓу Брајтон и Манчестер Сити бидејќи со евентуално освојување на бодови Брајтон би му помогнал на Ливерпул по 30 години речиси да ја освои титулата во Премиер лигата.

Брајтон добро почна и поведе со 1:0, но Сити потоа заигра фантастично и на крајот славеше со 4:1 и го одбрани трофејот во Англија.

Навивачите на Ливерпул беа тажни по мечот што Брајтон не пружи посилен отпор на Сити, а по се ги обвинија и дека во овој меч не биле најподготвени.

Имено, во јавноста се појави информација дека играчите на Брајтон ноќта пред мечот заглавиле во еден ноќен клуб, и дека се забавувале до раните утрински часови.

Медиумите кои се наклонети кон Ливерпул ги обвинија дека се опиле вечерта пред најважниот меч во сезоната и дека веќе тогаш го одлучиле прашањето за шампионот. Но, старата изрека вели, кој губи има право да се лути…