Англиските навивачи бараат слободен ден ако го освојат ЕП


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Повеќе од 100.000 луѓе потпишале петиција која ја повикува англиската Влада да го прогласи 12 јули за неработен ден во случај нивната репрезентација да стане шампион на Европа.

Шансите да се случи такво нешто се мали затоа што работодавците ќе бидат незадоволни, но Англичаните ќе се борат до крај за такво нешто.

Надежта на Англичаните сега е во рацете на премиерот Борис Џонсон, кој не ја одби можноста понеделник да биде неработен ден.

Во четвртокот Џонсон на прашање на новинарите на оваа тема даде дипломатски одговор.

„Ако сега кажам било што, тоа ќе биде подгревање на надежта. Да почекаме и да видиме што ќе се случи“, кажа Џонсон.