Англиските навивачи останале без зборови кога виделе каде ќе бидат сместени на финале во ЛЕ


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англичаните сезонава во Европа издоминираа, зашто ќе гледаме и во Лига Европа (ЛЕ) и Лига на шампини англиски тимови. Што се однесува до ЛЕ финалето ќе се игра во Баку, а ќе се пресметаат Арсенал и Челси.

Иако до финале останаа уште неколку недели, сепак се појавија првите проблеми кога станува организација на мечот. Вчера беше соопштено дека навивачите на клубовите ќе добијат само по 6.000 влезници.

Но, тоа што повеќе ги изненади фановите на лондонските клубови е планот организаторите да ги сместат на иста трибина и тоа едни до други. Сепак, брзите реакции на јавноста во Англија покажаа дека тоа не е можно.

Англичаните се најмногу разочарани со тоа дека повеќе се мисли на парите, а тоа го покажува и финалето во Азербејџан.

Стадионот во Баку има капацитет од 68.700 навивачи, па многумина веруваат дека Арсенал и Челси ќе добијат само по 6.000 влезници.