Анкета на „Марка“ му пресуди на еден фудбалер на Реал Мадрид!

Шпанскиот медиум „Марка“ објави анкета за навивачите на Реал Мадрид, кои требаше да гласаат кој треба да биде прв напаѓач на шпанскиот тим.

Јасно е дека францускиот напаѓач Карим Бензема е на прво место кај тренерот Зинедин Зидан во нападот, па јасно е дека во актуелниот состав нема вистинска замена.

Сепак, трката за негова алтернатива не е многу неизвесна, а „Марка“ се обиде да дојде до одговор на кого навивачите му веруваат повеќе – Лука Јовиќ или Мариано Дијаз.

Иако беше познато дека Јовиќ не е омилен меѓу фановите на шпанскиот шампион, сепак никој не очекуваше дека ќе добие толку малку гласови.

Од 17.240 учесници во анкетата која уште трае, дури 87% од гласачите му дадоа глас на Мариано, а само 13% сметаат дека Јовиќ заслужува шанса.