До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во рок од само 13 дена, Арсенал испушти два трофеи и сега многумина го доведуваат во прашање тимот на Микел Артета.
Поранешните асови и капитени Тиери Анри и Патрик Вијера ги изразија своите стравови по новиот пораз и неубедливата партија.
„Ова е навистина разочарувачки. Пред неколку недели, луѓето зборуваа за четири трофеи во сезоната, а сега останаа само Премиер лигата и Лигата на шампионите. Нивото кое Арсенал го покажа против Саутемптон не беше ни близу до она што се очекува од тимот што го нарекуваат најдобар во светот. Но, како што реков, Арсенал мора да го освои овој еден трофеј, а тоа е Премиер лигата. Имено, ако ја пропуштат, ова ќе биде уште една сезона без трофеи“, рече Анри.
Истото мислење го дели и неговиот поранешен соиграч Патрик Вијера.
„Поразот од Манчестер Сити во финалето на Лига купот е нешто што може да се разбере па и прифати. Тие се искусен и голем тим, на твоето ниво. Но, губење од Саутемптон, на овој начин, и кога те нарекуваат најдобар тим во светот, тоа за мене е неприфатливо. Тоа е прашање кое денес мора да го постават”, истакна Вијера.
Притисокот е огромен, а Арсенал веќе во среда гостува на Спортинг во Лисабон во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
















