Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Доаѓањето на Килијан Ембапе не донесе на Реал Мадрид она што сите го очекуваа, па го критикуваше јавно и легендарниот Тијери Анри.
Французот летово во редовите на шампионот на Европа и Шпанија дојде од Пари Сен Жермен како огромно засилување, но никако не му прилега позицијата на класичен напаѓач, на која е принуден да игра бидејќи на неговата природна позиција дејствува Винисиус.
„Го фрустрира тимот, што разбирам, не е лесно. Треба да му дадеме време, но мора и да научи да игра како ‘деветка’, да покаже желба. Белингем се обидува она што Ембапе како ‘деветка’ треба да го прави“, рече Анри.
Реал пред две ноќи загуби од Милано со 3:1 на својот терен во Лигата на шампионите, а пред тоа во Мадрид беше декласиран од Барселона со резултат 4:0 во Ла Лига.