Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тјери Анри изненади многумина кога Денис Бергкамп го спомена како најдобар фудбалер со кој ја делел соблекувалната во својата богата кариера.
Водителот на „ЦБС“ го праша Французинот кој е најдобар фудбалер со кој играл во кариерата, а потоа се изненади кога не го слушна името на Лионел Меси.
„До крајот на животот ќе зборувам дека тој е најдобар партнер кој може еден напаѓач да го има, тоа е остварување на сонот за секој голгетер. Тој човек секогаш бираше вистински потези. Можеше да асистира, дава голови, да чека вистински моменти…“, вели Анри.
Бергкамп ја почна кариерата во Ајакс, па две сезони играше во Интер, а од 1995 до 2005 година го носеше дресот на Арсенал.