Анри помина осум минути и 46 секунди на колена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот напаѓач Тиери Анри испрати силна порака за поддршка на движењето „Black Lives Matter“.

Анри, облечен во црна маица на која пишуваше „Black Lives Matter“, беше на колена со раката испружена осум минути и 46 секунди на почетокот на натпреварот Монтреал Импакт и Њу Ингланд Револушн.

Клечењето на Анри од осум минути и 46 секунди е време колку полицискиот службеник во Минеаполис Дерек Шовин го удураше Џорџ Флојд, невооружен американски црнец, чија смрт во мај предизвика протести низ целиот свет.

Протестот против нееднаквоста со клекнување беше популаризиран од тогашниот напаѓач на Сан Франциско Колин Каперник во 2016. година.