Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер, Тиери Анри е новиот тренер-помошник на Роберт Мартинез на клупата на Белгија.
Неодамна Мартинез го водеше и Евертон но доби доверба и понуда да го води тимот на Белгија, а голема помош ќе има и од Анри како негов асистент.
„Среќен сум што ќе сум дел од тимот на Белгија“ – напиша Анри на твитер
Анри ќе е втор помошник на Мартинез, бидејќи прв помошник му е Грем Џонс со кого Мартинез работеше во Свонси, Виган и Евертон.
Ова ќе му биде прва сениорска работа, откако претходно ги водеше младите селекции на Арсенал но се скара со Арсен Венгер и мораше да си замине.