Анри со искрен коментар: Не знам каде би бил Арсенал да го немаат него..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Арсенал, Тиери Анри даде свое видување за актуелните состојби во клубот од Северен Лондон.

Во Арсенал не цутат рози, а Анри верува дека работата би била многу полоша доколку во тимот го немаше Пјер Емерик Обамејанг.

„Искрено не би знаел каде би бил Арсенал сега доколку го немаа Обамејанг“ –истакна Анри кој своевремено важеше за  еден од најдобрите светски напаѓачи.

Арсенал вечерва игра со Брајтон пред своите гледачи и со победа може да се искачи на 6. позиција на табелата во Премиер лигата.