Антиќ откри кој ќе биде наследникот на Давитков на кормилото на Македонија? (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Македонија вчера остана без селектор, откако претседателот Перо Антиќ го потврди отказот на Јорданчо Давитков.

А очигледно кошаркарите нема да чекаат долго за да го дознаат нивниот нов тренер, откако Антиќ на социјалните мрежи случајно го „потврди“ новиот селектор.

Октај Махмути, кој има богато искуство во странство, кадешто ги водеше тимовите на Анадолу Ефес, Бенетон, Дарушафака и Галатасарај, најверојатно ќе седне на кормилото на Македонија.

Махмути и претходно се поврзуваше со репрезентацијата, но дури сега најверојатно ќе добие можност да седне на „жешкото“ столче, а дали тоа ќе биде така, очекуваме наскоро потврда од Федерацијата на Македонија.