Антиќ продава шампионски дрес за да им помогне на настраданите во Турција (Фото)

Првиот човек на кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ се вклучи во помошта за настраданите во силните земјотреси во Турција.

Антиќ во кариерата го носеше дресот на Фенербахче, а со овој тим стана и европски шампион, па сега реши да го продаде дресот од финалето против Олимпијакос.

Парите кои ќе бидат собрани од аукцијата ќе бидат донирани за настраданите во Турција.