Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во 2022 година, бразилскиот напаѓач Антони стана дел од редовите на Манчестер јунајтед, со амбиции и надежи кој клубот и навивачите ги вложија во него. Но, неговите игри не ги оправдаа очекувањата и вложениот капитал. Наместо позитивен резултат, тој наиде на остра критика и незадоволство од трибините.
Откако го напушти разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, Антони одлучи да ја оживее својата кариера на друго место. Минатата сезона, тој играше за шпанскиот тим Бетис, каде доживеа вистинска фудбалска ренесанса.
„Само јас знам низ што поминував во Манчестер, колку беше тешко и колку мораше да тренирам сам за да останам во форма. Но тоа е дел од животот и од кариерата на еден професионалец. Минатото го оставам зад мене – мојот фокус е иднината“, изјави Антони.
Фото: Принтскрин