Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид, Антонио Рудигер и Лукас Васкес, ги дознаа казните за несоодветното однесување на натпреварот од Кралскиот куп против Барселона.
Антонио Рудигер и Лукас Васкес се суспендирани од страна на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, додека Џуд Белингхам помина без казна.
Вистински скандали беа видени во завршницата на финалниот натпревар од Кралскиот куп меѓу Реал и Барселона. Главен актер беше Антонио Рудигер кој го гаѓаше судијата со лед, а потоа во хаосот се придружија неколкумина од неговите соиграчи.
На крајот, судијата Рикардо де Бургос Бенгоеќеа исклучи тројца. Црвени картони им покажа на Рудигер, Лукас Васкес и Џуд Белингхам.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија денес одлучи да го казни Рудигер и Васкес. Германецот е суспендиран на шест натпревари, а Васкес на два. Џуд Белингхам помина без казна.
Фото: Принтскрин