Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата носителка на турнирот, Анџелика Кербер имаше мали проблеми на почетокот на турнирот.
Таа во првото коло играше против Цуренко и успеа да ја победи со 2:1 во сетови, по голема борба.
Во првиот сет Кербер успеа да победи со 6:2, но потоа Украинката врати со 7:5 во вториот сет. Во третиот повторно Кербер беше сигурна во себе и успеа со 6:2 да победи.
Во другиот натпревар кој се играше во исто време, Витхоефт успеа да ја победи Хозуми со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 7:6.