Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е поразен во 2-то коло на Австралијан Опен.
Вториот играч во светот е шокантно поразен од Денис Истомин со 3:2, односно 7:6, 5:7, 2:6, 7:6 и 6:4.
Голема борба беше видена од првиот гејм во првиот сет. Новак на самиот почеток спасуваше 6 брејк топки и се виде дека тој не е на свое ниво. Тоа Истомин го искористи во 7-от гејм и успеа да направи брејк, но Ѓоковиќ веднаш врати и замина сетот на тај-брејк, а таму беше подобар Денис.
На Новак му беше потребен еден брејк во 2-от сет за да го освои со 7:5. А третиот понуди многу подобра игр аод Новак Ѓоковиќ. Дури 4 брејкови беа видено во овој сет, а Ѓоковиќ успеа да го освои сетот со 6:2.
Голема борба во 4-от сет и повторно Истомин беше подобар во тај-брејкот.
Фантастичниот Истомин повторно играше фантастично. Во 5-от сет погоди апсолутно се, а во 5-от гејм успеа да направи брејк и да стигне до 4:2.
Тој ја искористи секоја грешка на Новак Ѓоковиќ и успеа да го елиминира 2-от носител на овој турнир, а воедно ова е неговата најголема победа во кариерата.