Апелациониот суд ја одби жалбата, Робињо ќе оди зад решетки!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот бразилски напаѓач Робињо е осуден на деветгодишна затворска казна. Апелациониот суд во Италија ја одби неговата жалба и тој ќе мора да оди во затвор, откако беше обвинет за си*ување на девојка од Албанија.

Робињо беше прогласен за виновен во случајот на 22-годишната Албанка, кој се случи на 22 јануари 2013 година во Милано, кога настапуваше за „росонерите“.

Бразилецот има уште една, трета жалба, но ќе мора да ја отслужи затворската казна, која е во времетраење од девет години.

Робињо во октомври беше на праг да се врати во Сантос, но поради ова обвинување бразилскиот тим на крајот се откажа од таквата идеја.