Апелот на легендите е одбиен: Тен Хаг покажа кој е газда на „Олд Трафорд“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг кажа дека Бруно Фернандеш ќе остане капитен на екипата, иако дел од легендите на клубот побараа да му биде одземена капитенската лента.

Португалецот во отсуство на Хари Мегваер ја носи капитенската лента, но доби жестоки критики по дебаклот против Ливерпул (0-7).

Тен Хаг кажа дека Фернандеш направил грешки, но исто така е инспирација за цел тим и затоа ќе остане капитен на екипата.

„Да, дефинитивно. Бруно ќе остане капитен затоа што игра одлично. Никој не е совршен, сите правиме грешки“, кажа Тен Хаг.