Апенините на нозе по украдената победа на Милан: Судиска грешка која може да го реши шампионот! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Специја вчера го направи најголемото изненадување во Серија А, откако на „Сан Сиро“ славеше со 2-1 во судиското надополнување, а завршницата од натпреварот ја одбележа голема грешка на главниот арбитар.

Марко Сера досуди прекршок врз Анте Ребиќ и не почека да се заврши акцијата, која ќе резултираше со гол во мрежата на Специја и најверојатно, триумф за „росонерите“, меѓутоа тоа на крајот не се случи.

Оваа судиска одлука би можела да има големо влијание на шампионската титула, зашто Милан со трите бода против Специја ќе го престигнеше Интер на табелата, но вака „нераѕурите“ останаа на два бода разлика и еден меч помалку од градскиот противник.

„Судијата ни се извини, но одговорноста за поразот е наша, но и судиска. Се обидов да ги смирам играчите, но не успеав. Штета“, кажа тренерот Стефано Пиоли.