Апсолутни рекордери: Колку дена паузираа Нејмар и Бејл поради повреда?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најскапиот фудбалер во светот Нејмар е апсолутен рекордер по отсуство од теренот поради повреда во последните шести години, а веднаш зад него е Герет Бејл.

Двајцата фудбалери стигнаа во Ла Лига во 2013 година, а Бејл уште игра во Шпанија, додека Нејмар во 2017 година се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

Од доаѓањето во Европа, Нејмар дури 435 дена помина надвор од теренот, а имаше 19 различни повреди, што е навистина неверојатно.

Од друга страна, Бејл беше 410 дена надвор од фудбалските терени, а интересно е тоа што тој имал четири повреди повеќе од Бразилецот.

Нивните проблеми со повреди продолжија и минатата година, а Нејмар беше надвор од терените од јануари до април.