Арапи нудат 3,2 милијарди долари за премиерлигаш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конзорциум од Саудиска Арабија наводно е подготвен да пристигне во Премиерлигата, а заинтересиран е за Ливерпул.

Сопствениците на Ливерпул, „Фенвеј Спортс Груп“ соопштија дека се подготвени за нови инвеститори во клубот, а тоа не значи целосна продажба на акциите.

Во моментов има лицитација за клубот, па се шпекулира за сума над три милијарди долари, односно 10 пати повеќе отколку што платија сегашните газди на Ливерпул.

Инвеститорите од С. Арабија наводно се подготвени да понудат 3,2 милијарди долари, а останува да видиме дали таква понуда би била прифатена од актуелното раководство на тимот.