Арапи стигнаа во Париз по потписот на Меси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Делегација на Ал-Хилал пристигнала во Париз за да потпише договор со Лионел Меси, објави „АФП“, иако имаше шпекулации дека Аргентинецот сака да се врати во Барселона.

Таткото на Меси, Хорхе се сретнал со делегацијата на Ал-Хилал, а наскоро ќе биде познато дали паднал договор меѓу двете страни.

„Ние сме во завршна фаза на преговорите. Доколку сè биде во ред, тогаш Меси ќе потпише договор со Ал-Хилал и ќе биде промовиран до крајот на неделата“, вели извор за „АФП“.

За потписот на Меси е заинтересирана и Барселона, која веќе некое време се обидува да ги среди финансиските проблеми пред да потпише договор со Аргентинецот.