Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија пред два дена се откажа од процесот за преземање на премиерлигашот Њукасл.
Арапите имаа план да го преземат клубот за 300 милиони евра, а платија повеќе од 20 милион за почеток и за предоговор, кој на крајот пропадна.
Сепак, Арапите не се откажаа од купување на клуб во Европа, а како што пишуваат медиумите во Саудиска Арабија, богатиот инвестициски фонд планира да го преземе Милан.
Италијанскиот гигант има просечни резултати во претходниот период, а нивните газди од ивестицискиот фонд „Елиот“ гледа можност за заработка и се обидува да им ја зголеми вредноста пред да ги продаде.