Араухо лут на судиските одлуки: Секогаш против нас (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Роналд Араухо остро реагира на судиската одлука од првото полувреме на дербито помеѓу Барселона и Севиља.

Уругвајскиот дефанзивец на екипата од Каталонија, видливо изнервиран, изјави по завршувањето на првото полувреме дека тимот повторно е оштетен од судиите.

„Секогаш против нас! Секогаш!“, револтирано изјави Араухо, коментирајќи ја одлуката на главниот судија да досуди пенал во корист на Севиља.

Одлуката предизвика низа реакции, како на трибините, така и на социјалните мрежи. Некои навивачи на Барселона тврдат дека ова е само уште една од низата спорни судиски одлуки против клубот.

.