Араухо сега не чини 60 милиони, туку – милијарда евра!


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Роналд Араухо е еден од најважните фудбалери на Барселона, а добрата вест е дека сега не важи откупната клаузула од 60 милиони евра.

Кој сакаше да го доведе уругвајскиот дефанзивец пропушти идеална шанса. Од 1. до 15. јули имаше „попуст“ во форма на клаузула од 60 милиони евра.

Сепак, бидејќи никој не се јави и не го обезбеди трансферот до тој рок, таа е вратена на почетниот износ. А тоа е значително повеќе – милијарда евра!

Јасно е дека никој нема да плати толку обештетување, но она што е најважно за Барселона е што тие сега ја водат играта. Бидејќи Araújo има важечки договор до 2031 година, на Каталонците дефинитивно не им се брза околу евентуална продажба.

Фото: Принтскрин