До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По испаѓањето од Лигата на шампионите од Баерн, јасно е дека Алваро Арбелоа ќе добие отказ од клупата на Реал Мадрид. Тој ќе ја заврши оваа сезона, втората по ред без трофеи, а потоа започнува ‘ловот’ на нов тренер и неколку врвни имиња се во игра.
Реал Мадрид, или поточно Флорентино Перез, започна потрага по нов тренер. Алваро Арбелоа нема да остане на тоа место по сезоната без трофеи, така што Кралевите во новата сезона ќе ги води некој друг.
Списокот на кандидати со кои Реал преговара е долг. Се работи за големи имиња.
Главната желба на клубот е Јирген Клоп. Меѓутоа, покрај сите информации кои пристигнуваа во претходниот период, контакти и повици од Мадрид до германскиот стручњак немало.
Идентична е приказната и со Зинедин Зидан. Некогашниот тренер на Реал конечно ја дочека можноста да стане селектор на Франција, тоа го сакаше со години, и речиси сигурно нема да го прифати повикот на Флорентино Перез.
Затоа, сериозен кандидат е сегашниот селектор на Франција, Дидие Дешам. Тој ја напушта функцијата на селектор на Триколорите по Светското првенство и е подготвен да се врати во клубскиот фудбал.
















