Арената за мечот против Германија се распродаде за четири дена!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија месецов ги продолжува квалификациите за Светското првенство во Катар, па така прво на 8 октомври играме против Лихтенштајн, а потоа против Германија три дена подоцна.

За само четири дена беа распродадени сите влезници за натпреварот против Германија, а тие беа по цени од 100, 300 и 500 денари.

Арената „Тодор Проески“ ќе прими пола од капацитетот на трибините, односно мечот против Германија ќе го следат околу 17.000 гледачи.