Арета синоќа во Германија договори за ново засилување за Арсенал!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал синоќа ја одиграа првата осминафинална средба во Лигата на шампионите гости кај Баер Леверкузен.

Арсенал одигра слаб натпревар против германскиот клуб и на крајот се спасија од пораз со голот од белата точка во 90. минута од натпреварот.

Тоа беше прв пат оваа сезона во Лигата на шампионите дека екипата на Артета не оствари победа, но непоразени ја напуштија BayArena.

Според информации од странските медиуми, Артета по натпреварот во Леверкузен имаше состанок со еден играч кој идната сезона го посакува во својот тим.

Станува збор за Арсенал кој има отворени преговори за летниот трансфер на стопер од Лајпциг, станува збор за Кастело Лукеба.

Наводно Артета синоќа по натпреварот ги обави разговорите со овој фудбалер кој се радува на доаѓањето на Емирати.

Тој е член на Лајпциг три години, а стигнал од Лион во 2023 година и одиграл 95 натпревари за тимот од Германија.