Аргентина доби селектор за уште четири години!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинската фудбалска репрезентација потврди дека селекторот Лионел Скалони ќе ги тренира уште четири години, откако му беше понуден нов договор по добрите резултати.

Веста ја потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз, Клаудио Тапија и по победата од 3-0 против Јамајка.

„Горд сум што можам да објавам дека се договоривме Скалони да ни биде тренер до 2026 година“, кажа Тапија.

Ова го потврди и селекторот Скалони.

„Разговарав со претседателот на турнејава. Денеска направивме чекор напред и среќен сум поради тоа. Сакам да продолжам со оваа група на играчи“, вели Скалони.

Аргентина не знае за пораз на последните 35 натпревари со Скалони на кормилото на тимот.