Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на Аргентина се пласираа во четвртфинале на Светското првенство (СП) во Катар, откако триумфираа со 2-1 против Австралија.
Аргентина изгледа сè подобро на теренот, по поразот на стартот на Мундијалот од Саудиска Арабија, а првиот гол на мечот падна во 35. минута кога Лионел Меси ја затресе мрежата на Австралија.
„Гаучосите“ стигнаа до втор гол во 57. минута, кога голема грешка направи Матју Рајан, а тоа го искористи Хулијан Алварез.
Австралија бараше начин како да стигне до гол, а решението го пронајде Крег Гудвин кој испрати удар од 30 метри, а топката го погоди Енцо Фернандез и заврши во мрежата на Мартинез.