Аргентина го прослави триумфот против Србија како да станале – светски шампиони! (ВИДЕО)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Аргентинските кошаркари денеска направија огромно изненадување, откако елиминираа еден од кандидатите за највисок пласман на Светското кошаркарско првенство.

Аргентинците славеа како да станале светски шампиони, откако ја совладаа Србија со 97-87 во четвртфиналето.

Еден од најдобрите кошаркари кај Аргентина беше Луис Скола, кој им одржа на Србите час по кошарка, иако има 39 години.