Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинската репрезентација славеше на „Вембли“ со 3-0 против Италија и го освои трофејот во мечот меѓу шампионот на Европа и Јужна Америка.
Аргентинците беа подобри од самиот почеток на натпреварот и имаа инцијатива на теренот, додека Италијанците изгледаа изгубено.
Лионел Меси во 28. минута одлично му асистираше на Лаутаро Мартинез, кој рутински го матираше Џанлуиџи Донарума.
Во првата минута на судиското надополнување од првото полувреме Аргентина постигна и втор гол, а тоа беше дело на Анхел Ди Марија.
Аргентинците не запреа, па во последните секунди од дуелот постигнаа и трет гол, а точка на натпреварот стави Пауло Дибала, кој погоди за 3-0.