Аргентина ќе се бори за нова титула на СП (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина ќе се бори за нов трофеј на Светското првенство (СП), откако вечерва славеше со 3-0 против Хрватска.

Првиот гол на мечот го постигна Лионел Меси, откако Доминик Ливаковиќ направи пенал во 34. минута од дуелот, а пет минути подоцна Хулијан Алварез погоди за 2-0.

Во вториот дел Далиќ направи неколку промени со цел да го сврти мечот, но не успеа и падна третиот гол во мрежата на Ливаковиќ, откако Алварез ја реализираше асистенцијата на Меси.

Аргентина во финалето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Мароко и Франција.