Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина мораше да се задоволи со бод против Венецуела (1-1) во деветтото коло од квалификациите за Светското првенство (СП).
„Гаучосите“ до водство стигнаа во 13. минута кога Николас Отаменди погоди за 1-0, но потоа Соломон Рондо во 65. минута погоди за 1-1.
Бразил славеше на гостувањето кај Чиле, иако домаќинот прв стигна до предност преку Едуардо Варгас.
Бразил во судиското надополнување на првото полувреме погоди за 1-1, додека триумфот за „кариоките“ го обезбеди Луис Енрике во 89. минута.