Аргентина се откажа, но веднаш се најде нов домаќин за Копа Америка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразил ќе биде нов домаќин на Копа Америка, која ќе почне за две недели. Проблемите со вирусот ја натераа Аргентина да се откаже, по што КОНМЕБОЛ почна потрага по нов организатор, кој не го бараше долго.

Бразил ќе ги организира сите натпревари кои требаше да се играат во Аргентина и Колумбија, која беше ко-организатор, но протестите на улиците го променија планот.

КОНМЕБОЛ најави дека на 13 јуни ќе почне турнирот, како што беше планирано и претходно, додека стадионите на кои ќе се играат дуелите ќе бидат наскоро познати.