Аргентинците го најавија „последното танго“ на Меси


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лионел Меси има 38 години и ја „завери“ трофејната кариера со освојување на Светското првенство со Аргентина, која ја предводеше до „богинката“ во Катар 2022.

Логично, се подразбира дека ќе игра и на Мундијалот во Северна Америка догодина во септември, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.

DSports најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е на програмата натпреварот за квалификациите против Венецуела на Монументал во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е на програмата натпревар во Еквадор.

Аргентина, Еквадор и Бразил веќе си обезбедија учество за следното Светско првенство.

Фото: Принтскрин