Аргентинец го пофали македонскиот капитен: Пандев е најдобриот фудбалер со кој сум играл!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот Николас Спиноли неодамна се повлече од фудбалот и за медиумите откри кои се најдобрите фудбалери со кои играл заедно во кариерата.

Спиоли замина во пензија, а на листата со најдобри фудбалери со кои играл се најде и македонскиот капитен Горан Пандев, а таму ги има и Франческо Тоти и Ариел Ортега.

Пандев со Спиоли играше две сезони и очигледно за тој период успеал да остави супер впечаток кај Спиоли кој добро ги увидел квалитетите на нашиот капитен.

Со Тоти помина една сезона кога беше позајмен во Рома, додека со Ортега играше во Њу Олд Бојс.

Најголемиот дел од кариерата тој го помина во Италија, а се пензионираше во дресот на Кротоне.