Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Барселона следниот викенд го одбележува 125-годишното постоење, а ваквиот јубилеј ќе го одбележи и враќањето на Лионел Меси.
Аргентинецот го прифати повикот на клубот да биде на церемонијата за прославување на јубилејот на еден од најголемите клубови во светот.
Меси не се прости на најдобар начин од својата Барселона во август 2021 година, кога не доби нов договор и беше принуден да оди во ПСЖ.
Но, неговата љубов кон клубот е над сè, па и над лошите односи со управата на чело со Жоан Лапорта.
Не е познато дали Меси ќе присуствува и на натпреварот против Las Palmas кој е на програмата во сабота на 30 ноември од 14.00.